Чaдор и топла облека – следува нов ладен и влажен бран
Објавено на 6 октомври, 2025 во 08:57

„И неделава температурите на воздухот ќе бидат потпросечни за овој период од годината и тоа не само кај нас во Македонија, туку и во останатиот дел од регионот како и во цела југоисточна Европа.
Исто така ќе имаме почести и повремено пообилни врнежи, особено во првите денови од оваа седмица а на планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Се ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Затоа чадорот и потоплата облека треба да бидат покрај нас во текот на целата седмица која што ни следува,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


