Чивнинг стипендии на Владата на Обединетото Кралство

Објавено на 11 август, 2022 во 09:43

Во периодот од 2 август до 1 ноември 2022 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2023/2024 година.

Пријавувањето е на www.chevening.org/apply. Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство и притоа овозможува да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства.

 Откако програмата беше креирана во 1983 година, преку 50,000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2023/2024 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии, покажувајќи ја посветеноста на Владата на Обединетото Кралство во креирање на идни лидери.

Изјава на Наоми Рејнер,одговорна за стипендии во британското Министерство за надворешни работи, комонвелт и развој:

„Како што светот продолжува да се справува со глобалните предизвици како климатските промени, меѓународната соработка е повеќе од потребна. Чивнинг се стреми да изгради меѓународна заедница на луѓе посветени на овие вредности, кои се стремат за позитивни промени. Ние ги зближуваме овие неверојатни лица од целиот свет и им овозможуваме по пат на  едукација да ги остварат своите цели„.

„Во Обединетото Кралство сме горди на нашите светски признаени универзитети и знаеме дека нашата научна средина е збогатена со различни култури, искуства и гледишта преставени во нашите кампуси. Чивнинг стипендистите даваат значаен придонес во овие заедници, а понатаму стануваат важен дел од алумни мрежата која брои преку 50,000 членови„.

 „Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство, прифаќајќи луѓе од целиот свет да студираат и да се развиваат. Да си дел од Чивнинг мрежата дава силно чувство на гордост и одговорност. Јас сум постојано инспирирана од страста и посветеноста на Чивнинг заедницата и ги очекувам со нетрпение новите апликации за оваа година.”

Изјава на Метју Лосон, британскиот амбасадор во Република Северна

Македонија:

„ Ако си некој кој е страствен да направи промена, било на локално или на глобално ниво, ако сакаш да бидеш најдобар во она што го правиш и ако имаш имагинација да ги инспирираш и другите, тогаш Чивнинг стипендијата може да биде одлична можност за тебе„.

„Не постои ‘типичен’ студент. Твојата возраст, раса, пол, религија и културолошка позадина не ни е важна. Сакаме да видиме дека имаш енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на твоите цели. Ако ова звучи како твој опис, тогаш постои голема веројатност да станеш дел од алумни заедницата која брои преку 50,000 членови ширум  светот„.

„Нашата Алумни мрежа е полна со динамични луѓе кои го споделуваат искуството што вие ќе го доживеете. Тие ќе овозможат охрабрување, менторство, совети и контакти. Кога ќе се вратите дома после студиите ќе се чувствувате подготвени да направите вистинска професионална разлика„.

„Голема е придобивката од поднесувањето на апликацијата, затоа ако го поседуваш она што треба за да бидеш Чивнинг стипендист, ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 1 ноември„.

Повикот за нови апликанти следи по изборот на 7 [седум] стипендисти од Република Северна Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги сподеуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Twitter и Facebook.

Дополнителни информации:

За детални информации и критериумите за аплицирање посетете ја www.chevening.org/scholarships.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.