Циклон од Џенова, следната седмица нови обилни дождови

Објавено: 13 ноември, 2025, во 08:38 часот

„Од понеделник, 17 ноември, според понатамошни нови излези на прогностичките модели, следи голема промена на времето во Македонија. Нов циклон со центар над Џенова ќе услови чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер во текот на наредната седмица.

Од она што во моментов можам да го кажам е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење  и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица  и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни се и во државата,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.