ЦУК: Како сега да е почеток на сезоната на пожари на отворено иако есента е кон средината
Во поглед на пожарите, според информациите во Секторот за операции и координација (СОК) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) можеме слободно да кажеме дека како сега да е почеток на сезоната на пожари на отворено, а есента започна и зимата е пред нас. Месец октомври го завршивме со дневен биланс од 21 пожар на отворено до 31 октомври, во тек на едно деноноќие, а од вчера месец ноември го започнуваме со 10 пожари на отворено и покрај тоа што температурите, барем ноќе се ниски, има поголема присутност на утринска роса и почнаа локални врнежи дожд.
До утрово, активен се уште е само еден – во Општина Студеничани, кај месноста „Мала Река“ во реонот над селото с.Алдинци, на речиси непристапен терен, каде што гори ниска вегетација и мешана шума.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше, дека во октомври имало 614, а во септември 597 пожари на отворено, што е за најмалку 200 пожари повеќе од август кога имало 395 пожари и кога вообичаено знаеме дека е пикот наќ пожарите на отворено. Инаку, генерално и според досегашните искуства, во септември веќе не би требало да се очекува да ги има во толкав број пожарите на отворено, а во октомври би требало да бидат многу ретки. Во јули оваа година имало 186 пожари на отворено, а во јуни само 20 за цел месец, согласно податоците од Секторот за аналитика во ЦУК. Споредено со бројките од октомври – тоа е помалку и од бројот на пожарите во еден ден, конкретно во последниот ден од месец октомври (31.10.2023), кога имало 21 регистриран пожар на отворено – службено регистрирани пожари што претставувале предмет на интервенција на храбрите пожарникарски тимови и пилоти во државата, а и ангажман и на други институции и служби од Системот за управување со кризи (СУК) во државата.
Дума.мк