ЦУК: Најстудено и најголем наврнат воден талог на Попова Шапка а најмногу снег во Маврови Анови, со дневна временска прогноза

Објавено на 2 декември, 2024 во 11:37

Најниска температура измерена утрово во Македонија е измерена на Попова Шапка од -3 Целзиусови степени додека -2 во Маврови Анови, -1 во Крушево, 0 во Берово, 1 во Претор и во  Дебар, 2 во Охрид  и Крива Паланка, 3 во Куманово, Тетово, Битола и Прилеп, 4 во Скопје на Зајчев Рид,во  Кавадарци, во Скопје-Петровец, во Штип и во Виница, 5 во Струмица, Велес, Демир Капија и 7 во Гевгелија.

Најголем наврнат воден талог, за изминатите 24 часа, до 07 часот (во l/m2) е од 44 во Попова Шапка, 34 во Кавадарци и Маврови Анови, 30 во Демир Капија, 23 во Битола, 21 во Прилеп, 18 во Лазарополе, 17 во  Берово, 14 во Гевгелија, 10 во Скопје Петровец, во Крушево, 9 во Струмица, и Велес, 8  во Виница, 7 во Тетово и Претор, 3 во Скопје – Зајчев Рид, 3 во Куманово и  Штип како и 2 во Дебар и во Крива Паланка.

Управата за Хидрометеоролошки работи соопшти дека висината на снежната покривка во 07 часот (во сm)  е највисока поточно измесува 61 во Маврови Анови, 48 во Попова Шапка, 35 во Крушево, 21 во Лазарополе, 5 во Дебар, 4 во Претор и 3 во Берово.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Преку ноќта имаше врнежи од дожд на североистокот и на југот од земјата, а утринава врнежите се престанати и само во Струмица има појава на слаб дожд. Преовладува претежно облачно време.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува.

Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.