ЦУК: Вкупно 1.620 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата
Објавено на 18 септември, 2024 во 11:12
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај во последното деноноќие имало вкупно 1.620 повици на Единствениот број за итни случаи 112.
– Од нив „реални“ повици биле 56 отсто, а 44 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64 отсто, кон Итната медицинска помош 27 отсто, кон пожарникарите шест отсто, а кон АМСМ 0,42 отсто од реалните повици кон 112, соопшти ЦУК.
Во последното деноноќие имало повеќе помали пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места на територијата на државата.
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита.
Дума.мк