ЦУК: Вкупно 1.771 повици за Итни случаи на 112
Според извештаја на Центарот а управување со кризи имало вкупно 1.771 повик за итни случаи на Единствениот борј за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 38,34%, а 61,66% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од, такви непродуктивни за нив повици, службите и институциите коишто се за итно интервенирање. Покрај овие повици, во ЦУК, примарно, се решаваат и тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, институција.
Според распределбата согласно природата на настаните, преку ЦУК, кон Полиција биле упатени 42,44% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 36,13%, кон пожарникарите биле упатени 1,26%, а кон АМСМ 0,84%. Кон Центарот за управување со кризи имало 19,33% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 61,66%, „неитни повици“ (вкупно 1.138) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Дума.мк