Цветковски познат како Вегета доби кривична пријава за марихуана
Објавено на 5 ноември, 2021 во 16:01

Независниот кандидат за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски кој стана познат во јавноста како Гоце Вегета бил фатен во станот во кој престојувал му биле најдени две зип-кесички со марихуана, 21 семка и гранки од канабис.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис, соопштија од полцијата.
