Дали ќе има попуштање на мерките?
Денеска Комисијата за заразни болести треба да одржи состанок на кој ќе се одлучи дали ќе има попуштање на мерките и дали барањата на угосителите ќе се прифатат.
Министерот Филипче, пак смета дека иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.
Угостителите бараат укинување на ограничувањето на работното време, на маса да можат да седат повеќе од четири лица и да има жива музика.
– Дел од угостителските објекти традиционално имаат групи кои вршат анимација на гостите, од кои објектот зависи. Тоа што во моментов е ускратено правото на музичарите, не е проблем само загуба што ја трпат музичарите, туку проблем е што губат и угостителските објекти, изјави претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.