Денес и утре повторно над 40 степени од среда вечер заладување !

Објавено: 7 јули, 2025, во 08:59 часот

Денес, понеделник, 7 и утре, вторник, 8 јули, во Македонија продолжува влијанието на многу топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка. Токму ова ќе услови и понатаму да имаме претежно сончево и многу топло време со температури кои на територијата на државата ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Повардарието тие повторно ќе надминат 40 степени, гласи прогнозата на метео прогнозерот Славчо Поповски.

„И во Скопје  и околината ќе имаме многу топло време во овие два дена со температура која ќе се искачува до, околу или пак ќе надминува 40 степени.

Сепак, овие два дена ќе биде многу ветровито, односно, повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец, повремено и локално со брзина од над 70 км/час. И во Скопскиот регион овие два дена повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Ув индекост денес  и утре ќе има многу висока вредност  9.

Токму поради ова апелирам граѓаните, особено оние возрасните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, како и да пијат повеќе течности.

Од среда вечер, 9 јули, следи продор на многу поладен воздух од северозапад и тоа преку алпскиот регион кој ќе ги спушти температурите во Македонија за 10 степени во однос на актуелните од деновиве. Ќе дува и  засилен ветер од северен правец,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.