Денес се празнува Св. Трифун, заштитникот на лозарите и на градинарите

Според православниот календар, денешниот ден е посветен на маченикот Св. Трифун. Голем број обичаи и ритуали кои се врзани за овој ден, се пренесени од колено на колено.
Овој празник главно е познат по обредното закројување на лозјата. Во минатото, 14-ти февруари претставувал најголем ден за бавчанџиите од охридскиот регион, а малкумина од нив се уште ги практикуваат традиционалните ритуали, пркосеjќи му на модерното време. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.
Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, Св. Трифун бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.
Дума.мк
