Денес во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег

Објавено на 1 февруари, 2022 во 09:30

Времето денеска облачно со врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Од утре следува период на стабилно време, во четврток со засилен северен ветер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.