Девојка стои позади смртта на 16-годишникот чие тело беше пронајдено во водите на Пена
Тетовската полиција сомничи дека девојка стои позади смртта на 16-годишникот чие безживотно тело беше пронајдено вчера во реката Пена кај месноста Бањиче.
-Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала 16-годишниот малолетник од с.Ново Село, општина Желино. Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово, велат од полицијата.
Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил ослободен.
-По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, соопшти СВР Тетово.
Дума.мк