ДИК: Целосно преброени гласовите во 67 општини
Објавено на 18 октомври, 2021 во 10:49
Според интернет-апликацијата на ДИК, завршено е броењето во 67 општини во земјава. Целосно се обработени податоците во Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласница и Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола. Во Скопје и скопските општини остануваат уште непреброени гласови.
Според првичните податоци на ДИК, досега се избрани градоначалници во првиот круг се во 29 општини:
- Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите;
- Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите;
- Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалник на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите.
- Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите.
- Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите.
- Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33% од гласовите.
- Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73% од гласовите
- Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63% од гласовите
- Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% од гласовите
- Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите
- Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% од гласовите
- Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите
- Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите
- Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите
- Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите
- Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите
- Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83%
- Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70%
- Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59%
- Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28%
- Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино со 51,94%
- Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци со 51,29%
- Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84%
- Алија Јаоски од ДУИ за Пласница со 76,65%
- Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56%
- Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03%
- Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97%
- Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% од гласовите
- Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97%
По пребројувањето на сите гласови, според податоците на системот на ДИК, втор круг сигурно ќе има во:
- Росоман
- Битола
- Боговиње
- Арачиново
- Брвеница
- Василево
- Вевчани
- Врапчиште
- Гевгелија
- Дебар
- Дебарца
- Демир Капија
- Демир Хисар
- Долнени
- Желино
- Зелениково
- Кичево
- Конче
- Кочани
- Кратово
- Маврово Ростуша
- Македонска Каменица
- Македонски Брод
- Охрид
- Ново Село
- Пехчево
- Пробиштип
- Радовиш
- Ранковце
- Ресен
- Студеничани
- Старо Нагоричане
- Струга
- Теарце
- Чашка
- Чешиново-Облешево
- Чучер Сандево