Дизелот повторно поевтинува
Објавено на 19 септември, 2022 во 14:16

Дизелот од вечерва на полноќ ќе се продава по пониска цена за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото од утре ќе биде 92 денари по литер.
Цените на бензините остануваат исти, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 87 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР95 по 84,5 денари по литар.
Се намалува цената на мазутот, и од утре ќе изнесува 50,4 денари по литар. Цената на екстра лестното масло за домаќинство од утре ќе се продава поевтино за 1,5 денар, односно за 89 денари.
