До недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Објавено на 9 декември, 2021 во 09:23

Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утре пак не очекува променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

До недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои ќе започнат денес попладне, а пообилни ќе бидат во сабота (на места и над 20 л/м2.). На планините врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.