ДЗС: Европски проект против шумски пожари ,,ФФС” – Ангелов тврди дека нема да се повторат состојбите со гаснењето на пожарите во Македонија

Објавено: 25 март, 2026, во 10:39 часот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, беше домаќин на конференцијата за меѓународниот  проект „Форест фајр Струга – ФФС“ (Forest Fire Struga- FFS), што се одржа во Скопје, а ДЗС е водечки апликант.

Притоа, Ангелов, изразувајќи благодарност до Европската Унија за континуираната финансиска поддршка, како и до сите партнери за нивниот придонес и посветеност, посочи дека проектоот претставува конкретен придонес кон зајакнување на системот за заштита и спасување во справувањето со шумски пожари, преку унапредување на подготвеноста, координацијата и меѓународната соработка, во согласност со европските стандарди и практики.

Инаку, проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Дирекцијата за заштита и спасување, како координатор на проектот, активно работи за успешна имплементација на сите предвидени активности, во тесна соработка со партнерите и релевантните институции.

Во реализацијата на проектот учествуваат партнери од повеќе европски земји, меѓу кои Грција, Бугарија, Кипар, Албанија, Австрија и Црна Гора, што дополнително ја зајакнува регионалната димензија и овозможува размена на искуства и добри практики.

Ангелов одговори и на новинарски прашања:

„Оваа година Македонија во справувањето со пожари ќе влезе многу по подготвено во споредба со претходните години. Во моментов Дирекцијата има пет пилоти на Ер трактори, подготвени во пресрет на сезоната на пожари. Трите Ер трактори во месец мај ќе бидат вратени од сервис а еден во моментов е функционален и е во државата. Двата Ер трактори се на сервис во Загреб, Хрватска така да во јуни ќе имаме пет функционални пилоти а трагам по нови пилоти на овој вид на воздухоплови. Од минатата година на располагање на Дирекцијата се и 43 функционални возила со моќни водени топови чиј домет изнесува 100 метри како и пет хермелини коишто ги користиме за влечење на цистерни од четири до осум тони носивост на вода во зависност од нашите потреби. Исто така во повеќе градови зајакнати се капацитетите на ТППЕ со нови а има и донации со против пожарни возила поволни но функционални. Со значително зајакнати капацитети се неколку Доброволни против пожарни друштва како што е во Кочани. Ова лето можеме да сметаме и на нивните зајакнати капацитети, одговори Ангелов на новинарски прашања во каква состојба се капацитетите за гаснење на пожари во државата пред официјалното започнување на летото“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.