Исплатата не пензиите ќе биде пред празниците

Објавено на 21 април, 2021 во 10:58

penzioneri

21.04.2021

Исплатата на пензиите за месец – април 2021 ќе започне од 26.04.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток), со што сите корисници на пензии ќе ги добијат своите средства пред првомајските и велигденските празници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.