ЕСМ вчера произведе 100 отсто струја за домаќинствата и малите потрошувачи

Објавено на 21 октомври, 2022 во 14:04

АД ЕСМ вчера целосно ги задоволила потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи од сопствените капацитети, соопшти владината прес-служба.

Податоците од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за вчера покажуваат дека се произведени вкупно 11.868 MWh електрична енергија од кои во термоелектраните произведени се 7.626 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.242 MWh.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.