Евакуирани последните тројца македонски државјани од Газа
Од Газа се евакуирани тројца македонски државјани, со што се заокружува бројот на наши граѓани кои ги имаат контактирано дипломатските конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи станува збор за мајка со две деца, кои претхоно по сопствен избор останале во Газа.
По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатена кон дома. Уште еднаш благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје – се вели во соопштението од МНР.
Од Министерството потсетуваат на контактите за пријава на евентуални македонски државјани во Газа: СОС телефони на МНР– 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542.
Од почетокот на војната во Газа, пет наши државјани и една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца со македонско државјанство беа евакуирани безбедно преку граничниот премин Рафах.
Дума.мк