Филипче: На десетина граѓани од Кочани им била дадена лекарска помош поради вдишување на чад
Објавено на 3 август, 2021 во 09:47
Медицинските екипи од Кочани и околните општини се целосно мобилизарани како и тимот од Клиниките во Скопје доколку е потребна интервенција, информира синоќа министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, нема повредени со изгореници во пожарот во Кочани.
-На десетина пациенти им била дадена лекарска помош поради вдишување на чад. Четворица од нив се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување. Со претседателот на Владата Зоран Заев остануваме во Кочани цела ноќ, огнената стихија е локализирана, но будно ја следиме состојбата на терен и сме во целосна координација со сите екипи и институции, потенцира Филипче.