Филипче: Нема опасност од нов бран, но треба да бидеме внимателни
Здравствените власти најавија дека околу 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација и не добиле термин ќе бидат вакцинирани во следните дваесет дена.
Се очекува во недела да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19 „Синовак“ , а денеска уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот. Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.
Епидемилошката состојба е стабилна и нема опасност од нов бран на ширење на вирусот ниту пак од масовна појава на т.н. „индијски сој“ кој е далеку повирулентен од останатите.
-Засега нашата процека и сите анализи кои ги правиме вклучително и следејќи ја состојбата во околните земји укажува дека голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема. Но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и затоа будно ја прамие состојбата. Има случаи на граѓани заразени со индискиот сој кои биле вакцинрани. Добро е што во огромен број, околу 97 отсто, не бараат хоспитализација и имаат лесна клиничка слика, објасни Филипче.
Според официјалните податоци на министерството за здравство вчера се вакцинирале 6.478 граѓани од кои 3.712 ја примиле првата доза. Вакцинацијата се одвива со вакцините на „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ додека во процесот ревакцинацијата се користат вакцините на „Синофарм“, „Фајзер и „Астра Зенека“.