Филипче со предлог полицискиот час да остане до 15-ти јуни

Објавено на 7 јуни, 2021 во 11:55
Велес за време на полициски час

По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко Филипче денеска на ГККШ посочил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територијата на цела држава. Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е за да се ограничи дополнително групирање во доцните часови.

– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.