Германската државна секретарка: Јасно е дека актуелната македонска Влада е многу посветена кон приклучување во ЕУ

Објавено на 6 октомври, 2022 во 09:55

Државната секретарка на Германија, Ана Лурман потенцира дека С. Македонија заслужува да биде членка на Европската Унија. Според неа, „јасно се гледа дека актуелната влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ“.

-Многу е јасно дека оваа влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ. И, секако, кога се работи за антикорупциски реформи и судството, тоа е многу јасно. И тоа е многу важно за доброто на народот, вели Лурман.

Таа истакна дека „било многу очигледно дека ЕУ сака Северна Македонија да биде дел од нејзиниот идентитет“.

-Слушнавме како се зборува на македонски во зградите на ЕУ за време на таа конференција. Многу ми е јасно дека овој процес кој конечно почна сега во јули е многу јасна поддршка дека ЕУ не само што зборува за проширување кога се работи за Западен Балкан туку и дека делува во тој поглед. Спремни сме да го форсираме тоа, рече Лурман во емисијата „Клик плус“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.