Голем број казнети возачи на мотоцикли, четири мотоцикли одземени
Објавено на 20 јуни, 2022 во 13:12
Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи.
-Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, пишува во дневниот билтен на МВР.
Оттаму информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.