Големи поплави во западна Македонија, евакуирани голем број на граѓани
Објавено: 16 февруари, 2026, во 08:59 часот
„Во изминатите 48 часа до утрински часови, во западните предели на Македонија, наврна големо количество на воден талог. Во Пожаране наврнаа 55 литри дожд а од градовите најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 52 литри дожд на метар квадратен.
Ова предизвика големи поплави на повеќе места во западна Македонија а најкритично е во Кичево каде беа евакуирани дури 180 лица. Обилните дождови предизвикаа големи поплави и значително зголемување на нивоата на реките и постои ризик од нивно излевање во погоре споменатите предели од Македонија.
На метеоролошката карта можете да го видите наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во Македонија во изминатите 48 часа до овие утрински часови.

Да напоменам дека сето ова е поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој се разви над Џеновскиот залив и преку Јонското море пристигна во Македонија и влијаеше на времето кај нас,“ соопшти Славчо Попоски.
Дума.мк


