Град Скопје доделува парична помош за настраданите во пожарот во Тетово
Објавено на 14 октомври, 2021 во 15:16
Поради трагичниот настан, односно пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за доделување парична помош на семејствата на настраданите., соопштија од Град Скопје.
-Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово за секое загинато лице на семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ.На оваа последна седница на овој состав на Советот на Град Скопје, градоначалникот Шилегов им се заблагодари на сите советници за добрата соработка во изминатите четири години, информираа од Градот.