Граѓаните пријавуваат нерегуларности во здравствените установи – реагира Министерството за здравство
Објавено: 17 јули, 2025, во 12:27 часот
Граѓаните сè почесто пријавуваат нерегуларности во здравствените установи низ државата, а овие пријави сега можат официјално да се достават преку платформата на Министерството за здравство. Според податоците што ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, досега се пристигнати вкупно 90 пријави, од кои 60 се веќе процесирани.
„Од 90-те пријавени, најголем дел се од Скопје, додека од останатите градови има по една до две пријави. Поплаките се однесуваат и на јавниот и на приватниот здравствен сектор,“ информираше министерот Алиу.
Тој додаде дека најголемиот дел од пријавите не се однесуваат на финансиски злоупотреби, туку на недоволно оптимизирање на здравствените услуги – особено на долгиот период на чекање. Според него, граѓаните се жалеле дека биле закажани или пристигнале навреме, но сепак чекале со часови за да ја добијат потребната здравствена услуга.
„Сакам да потенцирам дека пријавите не остануваат во фиока. Секоја е разгледана посебно, со цел да се обезбеди институционална реакција. Заврши времето кога здравствените проблеми беа игнорирани“, изјави министерот.
Од вкупно 90 пријави, само две содржат информации со индиции што бараат понатамошна институционална проверка и постапување.
Министерството ги повикува сите граѓани кои се соочуваат со неправилности или недоследности во здравствените установи, да ги пријават преку алатката за пријавување на неправилности на официјалната веб-страница на Министерството.
Дума.мк

