Хаос на летот Цирих – Приштина: Во авион влегол чад, патниците ги отвориле вратите!
Се започнало нормално на аеродромот во Цирих, Швајцарија.
Имено, патниците на летот GM600 кој лета од Цирих за Приштина биле прегледани, го поминале обезбедувањето и им било дозволено да се качат на време во авионот.
Авионот требало да полета во 5:45 часот, но поради ниските температури прво морало да се стопи мразот, а тука започнал и ужасот за патниците.
Според сведоците кои биле во авионот, вратите од авионот се отвориле и внатре влегол чад.
Тие велат дека се создала паника, а дури и најавите од персоналот биле збунувачки.
Прво на патниците им било кажано да станат и да излезат од авионот, за потоа да ги затворат вратите и да им кажат да седат мирно.
„Луѓето потоа сами ги отворија вратите“, вели патникот.
Иако од копанијата „Chair“ велат дека немало чад, сепак ситуацијата станала деликатна за патниците.
„Сите 132-ца патници не сакале да останат долго на студ надвор, па се вратиле на терминалот 2 на аеродромот“, вели сведок.
Според него, летот бил откажан, а следниот редовен лет за Приштина со истата компанија бил за в четврток.
„Имаше најава дека ќе добиеме купон за сендвич и пијачка“, вели сведокот кој додава дека кога сакавле да земат нешто, персоналот не знаел ништо.
Патниците веќе неколку часа се блокирани на аеродромот, а патниците не знаат како ќе се одвуваат работите..
„Има луѓе кои сакаа да летаат за Дубаи и ги пропуштија летовите, или има луѓе кои планираа да присуствуваат на погреб во Албанија“, вели сведокот.
Авиокомпанијата „Chair“ ја објасни ситуацијата.
„Денеска, во утринските часови, за време на одмрзнувањето на летот GM600 од Цирих за Приштина, преостаната течност за одмрзнување во форма на пареа влегла во авионот преку системот за вентилација“, велат од компанијата.
Од компанијата појаснуваат дека не станува збор за опасна ситуација за патниците.