Хуманитарен концерт во чест на Тоше, на денот на неговиот прв концерт

Објавено на 28 јуни, 2022 во 13:20

Во среда, 29 јуни, во спомен куќата ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ кој ќе биде во чест на Тоше и од млади таленти ќе се интерпретираат негови песни.

Настанот ќе се одржи во спомен куќата „Тодор Проески“ со почеток во 19:30 часот, а како организатор се јавува Play Without Boundaires со поддршка на спомен куќата.

„29ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.“, велат од организаторите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.