Илјада денари на есен и уште толку на пролет како ново линеарно зголемување на пензиите, најави Мицкоски

Објавено: 18 јули, 2025, во 10:34 часот

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се правата анализи за ново линеарно зголемување на пензиите во следните 6 месеци во вкупен износ од 2.000 денари со тоа што пензионерите првата исплата во висина од 1.000 денари дс јс добијат есенва додека втората во висина од 1.000 денари во пролет, идната 2026 година.

„Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колку би било тоа процентуално зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, да го поделиме со бројот на пензионери. Линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега на есен, во октомври кога ќе ја земат пензијата и во април за март практично, односно 2.000 денари, да има зголемување линеарно за сите пензионери во рамките на следните шест месеци. Многу скоро, бидејќи тоа мора да се случи пред распишувањето на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници ќе го поднесеме тоа“, рече Мицкоски.

Според Премиерот секаде каде што тој одел и разговарал со пензионерите тие барале линеарно зголемување и затоа Владата била многу блиску до носење на таква одлука.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.