Институтот за јавно здравје со насоки за заштита од чад за граѓаните во близина на пожари

Објавено: 10 јули, 2025, во 11:58 часот

Институтот за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните коишто живеат во близина на локации каде има пожари. Во нив се вели дека населението треба да ги следи известувањата од надлежните служби преку медиумите и да ги почитува сите наредби за евакуација или засолнување.

„Ограничете го изложувањето на чад. Држете ги прозорците и вратите затворени. Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух. Засолнете се во безбеден простор. Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор. Запечатете ги процепите околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента. Користете соодветна заштитна опрема. Ако морате да излезете, користете маска што филтрира честички. Доколку немате професионална маска, прекријте го носот и устата со влажна крпа или пешкир додека се евакуирате (ова е само привремена и ограничена заштита).“, стои во препораките.

Што се донесува до советите за ранливите групи се потенцира дека децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични болести треба да останат во најзаштитените простории.

При појава на симптоми (отежнато дишење, кашлица, вртоглавица), веднаш да се побара медицинска помош.

Исто така, доколку некој има симптоми на труење со чад, треба да се изнесе на свеж воздух и да се побара медицинска помош.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.