Иселениците ќе можат да вадат патни исправи во амбасадите и конзулатите
Jа кратиме постапката за издавање на граѓански патни исправи на нашите државјани кои престојуваат надвор од државата, рече денеска министерто за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-МВР заедно со МНР инициравме и финализираме проект за инсталација на базни станици најпрво во 9 дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во странство, со што овозможуваме прием на барањата за патни исправи во ДКП-та и нивно процесуирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време. Досегашната постапка преку Мобилни базни станици траеше и по неколку месеци, наспроти можноста сега да бидат изготвени од страна на МВР за период не подолг од 15 дена и да бидат доставени до МНР за дистрибуција до нашите граѓани во странство. Ова е уште една потврда дека нашата цел е да бидеме сервис на граѓаните, да овозможиме ефикасен и економичен одговор на нивните потреби, со подобар пристап до правото да добијат навремено личен документ, кој им е потребен за остварување на правата во државата каде живеат, рече Спасовски.