Иван го опиша кошмарот додека 19 часа се бореше за живот кај Халкидики: „Се молам да го најдат мојот пријател“
Триесет годишниот Иван од Македонија, кој беше спасен од морето во Грција, од болничкиот кревет ги опиша натчовечките напори што ги вложувал 19 часа во морето кај Халкидики за да остане жив.
Македонецот за „ЕРТ зборуваше за борбата со брановите и студот откако исчезна во морето, како и за полунапумпаната топка која му помогна да преживее. Тој изрази загриженост и за судбината на неговиот пријател Мартин (28), по кој се уште се трага во морето.
Иван се залепил за кожната топка и се борел да остане на површината додека ветровите и струите го носеле во морето, доведувајќи му го животот во опасност.
Искусен пливач, млад, во добра физичка форма и покрај многу неповолните услови, Иван успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза.
На прашањето за што размислувал додека бил во морето, дали размислува за семејството, пријателите, својот живот, Иван одговори „не“.
– Морав да ги расчистам мислите, бидејќи ако размислувам за нив ќе ми се засили отчукувањата на срцето и тоа ќе го влоши се. Морав да останам смирен – рекол тој.
Иван, како и неговиот пријател Васил, кој прв го спаси крајбрежната стража во саботата попладне, е загрижен и се моли за нивниот исчезнат пријател Мартин (28).
Васил е пуштен од болница и веднаш сакал да стапи во контакт со крајбрежната стража која му помогна. Тој се врати дома со семејството, а разговарал и со Иван, кој беше пронајден ден подоцна.
Васил се присети на оваа страшна авантура и рече дека се надева дека Мартин е добро.
– Заедно пливавме кога не повлече бран, го гледав околу еден час, а потоа го изгубив. Не знам што се случи со него, се молам да е добро. Се надевам дека е добро, надежта никогаш не умира – заврши Васил.