Извршена е и втората исплата за поддршка на семејствата на настраданите во трагичната несреќа во Кочани

Објавено на 3 април, 2025 во 15:10

Црвениот крст на РСМ досега изврши вкупно две исплати на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Во двата трансфери на финансиски средства вкупно исплатени се 60 милиони 850 илјади денари.

„Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе информираме, соопшти македонскиот Црвен крст.

Заклучно со денешниот ден, по апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани, собрани се 12 милиони 595 илјади 482 денари.

„Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население. Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму. Уште еднаш упатуваме голема благодарност до сите кои донираа за помош на настраданите,  додава Црвен крст на РСМ.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.