Јавните набавки поврзани со Ковид-19 изобилуваат со проблеми: Институции купувале по 4 пати поскапи ракавици од други
Во 2021 година јавните набавки поврзани со ковид-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, спроведен од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Според нивниот наод од мониторингот за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година со вредност од 5,7 милиони евра. Институциите иако набавувале исти стоки, услуги и работи – не постои никаква воедначеност во описите на предметите на набавка.
-Ова е случај дури и кај оние институции со исти или слични потреби (на пример, клиники, ковид-центри, органи на управа итн.). На пример, клиники или КОВИД-центри со потреба од исти ракавици имаат сосема различен опис на ракавиците што ги набавуваат и оттука произлегува дека купуваат сосема различни ракавици со големи разлики во цените. Спротивно, две различни институции – од кои едната е здравствена, а другата државен орган – бараат исти ракавици иако очигледно немаат исти потреби. Идентични се примерите и при набавка на заштитни маски, појануваат од ЦГК.
Според нивниот мониторинг цените на набавените стоки се највисоки онаму каде што имало само една понуда или останала само една понуда по исклучувањето на другите во фазата на евалуација.
– Онаму каде што имало конкуренција ракавиците чинеле 2,43 денари, а во тендери во коишто е добиена само една понуда ракавиците достигнале цена од 11,21 денари, пишува во наодот.
Од Центарот утврдил дека најчесто не постои зависност помеѓу цената и количината на набавените производи во смисла на тоа за поголема количина да се постигнуваат пониски цени и обратно.
– Па така, како што стои во извештајот, 5.000 респираторни маски N95 се купувани по цена од 9,73 денари, а 60.000 вакви маски по цена од 41 денар.Проценетите вредности на набавките често се неколкукратно повисоки од цените добиени на тендерите или од пазарните цени. Ова укажува на нереално планирање на набавките, кое може да биде ризично доколку намерно се остава простор за склучување договори по нереално високи цени, со што ќе има и доволно пари за корупција. Во ниту една од мониторираните постапки за јавна набавка не е почитувана законската обврска за детално образложение за потребата од набавката, во смисла на објаснување зошто на институцијата ѝ се потребни конкретните квалитет и количина од предметот на набавка, наведува ЦГК.