Календарски започнува годишното време есен
Објавено: 22 септември, 2025, во 09:30 часот
Годишното време есен започнува, вечерва, 22 септември во 20:19 часот.
Во Северната Хемисфера, есента е дефинирана како период кој започнува од есенската рамнодневица помеѓу 22-ри и 23-ти септември и зимската краткодневница помеѓу 21-ви и 22-ри декември. За разлика пак од Јужната Хемисфера, каде есента започнува помеѓу 20-ти и 21-ви март и трае до 21-ви и 22-ри јуни.
Како што е наведено, во исто време ќе започне пролетта за жителите на јужната хемисфера на Земјата.
„На денот на почетокот на есента, сонцето во Скопје изгрева во 6:25 часот наутро и заоѓа во 18:35 часот, што значи дека рамноденицата ќе трае 12:10 часот, а ноќта ќе трае 11:50 часови.
На денот на есенската рамноденица, денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го крева Сонцето над хоризонтот,“ објави метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


