Казнети 427 возачи на мотоцикли, 24 одземени

Објавено на 25 јули, 2022 во 13:48
Фото: Министерство за внатрешни работи

Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 427 возачи.

-Од нив, 282 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, 24 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, пишува во дневниот билтен на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.