Киро Нацков обезбеди втор мандат во Градско со убедлива победа во првиот круг

Објавено на 20 октомври, 2025 во 10:28

Киро Нацков, кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Градско, ќе ја продолжи својата функција по уште една изборна победа, овој пат обезбедена уште во првиот круг од локалните избори.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, Нацков доби доверба од најголемиот број на избирачи кои остварија излезност од 71,92% , односно тој доби 1.250 гласа, што е како резултат на излезност е највисок во Вардарски регион.

Неговиот главен противкандидат, Драгослав Симоновиќ од СДСМ, освои 402 гласа или 23,13%, додека третиот кандидат, претставникот на Бошњачкиот демократски сојуз, доби 88 гласа, што претставува 5,06% од вкупниот број на гласови.

Нацков ќе има силна политичка поддршка и во локалниот Совет. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 7 од вкупно 9 советнички мандати, со што обезбеди апсолутно мнозинство. СДСМ ќе биде застапен со 2 советници, додека Бошњачкиот демократски сојуз остана без претставник во локалната власт.

Со вакви резултати, ВМРО-ДПМНЕ ја има целосната контрола врз локалната власт во Градско, што овозможува политичка стабилност и континуитет во спроведувањето на општинските проекти во следниот четиригодишен мандат.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.