Кочанчанец кој загуби пет другари во „Пулс“ се врза со селотејп на плоштадот „Македонија“ и побара помош за повредените

Објавено на 9 мај, 2025 во 14:34

Денеска напладне, лице од Кочани со самолеплива лента се залепи за бандера на плоштадот „Македонија“, привлекувајќи големо внимание од минувачите. Подоцна се дозна дека герила акцијата, организирана од иницијативата „Support Kocani“, имаше за цел да потсети дека за трагедијата во дискотека „Пулс“. Според лицето, дел од повредените кои се вратиле назад по лекувањето во болница останале без прсти на рацете. Побара да им се помогне на младите.

-Ова нека биде пример да направиме нешто за градот. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки, нека се направат културни центри, спортски центри или кино. Нека одат подобро да гледаат филм. Не сме арни ние веќе во Кочани. Треба да се направи нешто за градот. Градот треба да заживее. Ако ништо не се преземе, работата ќе оди на полошо. На мене ми загинаа пет другари и некој ме прашува „дали ќе ми биде срам ако бидам врзан“? Немам каде да одам, морам да живеам во тој град. Морам да направам нешто за него. Морам да живеам во Кочани, рече Мартин.

Вели дека донациите се намалиле, а на едно дете му се потребни ракавици за раце и нозете. Една ракавица, како што рече е 1000 евра и смета дека државата нема да ги обезбеди тие пари.

-Очекувавме најголема поддршка од главните луѓе на државата. Они си знаат кои се и диктираат што треба да се прави. Очекувавме дека нешто ќе направат за Кочани. Градот живее во црнило 30 години. Нека слушнат тие луѓе, кажа лицето.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.