Колку граѓани се попишани за девет дена?

Објавено на 14 септември, 2021 во 10:55

Над 500 илјади граѓани се попишани во првите девет дена од Пописот на населението и објектите 2021. Премиерот Зоран Заев очекува тој успешно да заврши до 30 септември.

„Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција.

До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица.

Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава.

Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември.Продолжуваме заедно, до успешен #Попис2021,“ напиша премиерот на Фејсбук.

Државниот завод за статистика, вчера информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо и дека заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица. Можноста за самопопишување на лица во странство, заклучно со вчера ја искористиле 192.538 лица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.