Ковачевски: Благовремената реакција спречи пожарот во Битола да се прошири
Објавено на 24 јануари, 2022 во 09:44
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на својот Фејсбук профил доцна синоќа објави дека телефонски разговарал со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за да се информира за состојбата со пожарот во фабриката „Жито Битола“.
–Министерот Спасовски и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во постојана комуникација со општината, а екипите на МВР навремено пружија поддршка за локализирање на пожарот. Благовремената и координирана реакција го спречи ширењето на пожарот и предизвикување на поголема штета, напиша Ковачевски.