Ковачевски ќе ја пречека финската премиерка Сана Марин на работна средба

Објавено на 20 јуни, 2022 во 09:39

Претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин ќе пристигне денеска во еднодневна посета на нашата земја.

Премиерката Марин и делегацијата на финската влада на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и премиерката Марин ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Посетата на премиерката Марин ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се вели во најавата на Владата за средбата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.