Ковачевски на средби со Борел и Лајчак во Белгија

Објавено на 11 мај, 2022 во 10:28

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска е во еднодневна работна посета на Кралството Белгија и ЕУ.

Во Брисел премиерот Ковачевски ќе оствари билатерална средба со премиерот на Кралството Белгија, Александар де Кро.

Работната посета на претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Премиерот Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан и со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеф Борел.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.