Ковачевски на вонреден состанок со Вучиќ и Рама: Утре ќе донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан

Објавено на 21 јуни, 2022 во 11:33

Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес, напиша на својот Фесјбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.
Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид, вели Ковачевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.