Ковачевски од Самитот „Отворен Балкан“: Меѓусебно ќе си помагаме како што доликува на добри соседи

Објавено на 2 септември, 2022 во 11:31

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама денеска се обрати на Самитот „Отворен Балкан”.

-Прво меѓусебно да си помогнеме, секаде каде што е потребно, а потоа ќе пласираме и кон други земји каде што е потребно. Како што доликува на добри соседи. Ќе си помагаме во случај на прекин на снабдување со храна, како последица од глобалната криза, ако која било држава од нас би се соочила евентуално со недостиг во снабдувањето на домашниот пазар, рече Ковачевски.

Тој рече дека целта на Отворен Балкан треба да биде целосно укинување на границите.

-Затоа сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување на не само на административните бариери меѓу Македонија, Србија и Албанија туку и комплетно кревање ма рампите и правење на регион којшто комуницира меѓу себе по сите основи, додаде Ковачевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.