Краткотрајна промена на времето и врнежи во Македонија, во Повардарието ќе дува засилен северен ветер
Објавено: 5 март, 2026, во 09:08 часот
„Во текот на денот, четврток, 5 март, во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста која на повеќе места ќе донесе послаби врнежи од дожд а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска висина) ќе провејува снег.
Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец.
Сето ова е поради краткотраен продор на малку поладен воздух од север и од североисток.
И во Скопје и околината во текот на денешниот ден ќе има повремени слаби врнежи од дожд а повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец.
Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени а во Скопје и околината максималната температура на воздухот ќе се искачи до околу 15 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


