Ладен атмосферски фронт ни носи големо заладување, северен ветер, дожд и снег

Објавено: 30 април, 2026, во 09:04 часот

„Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, денес, четврток, 30 април 2026, особено во пладневните  и во попладневните часови, во поголем дел на Македонија ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер, од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Поради заладувањето на планините над 1100/1200 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје и околината со овој ладен атмосферски фронт очекувам да има врнежи од дожд проследени со повремено силен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите на воздхот во текот на денешниот ден значително ќе опаднат, за и повеќе од 10 степени, во споредба на тие кои ги имавме до вчера, со што максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.

Да напоменам дека температурите кои ги очекувам од денес па во следните неколку денови ќе бидат пониски од просечните дури за околу 10 до 15 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.