Ладна воздушна маса од север во Македонија: Облачен и ладен ден пред нас
Објавено: 19 март, 2026, во 09:07 часот
„Територијата на Македонија до крајот на денешниот ден, четврток 19 март, ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта од север. Во исто време ќе биде и под послабо влијание на циклонски систем со центар над Јонското море. Во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно а особено во западните предели ќе има слаби врнежи кои ќе бидат од дожд во градовите и од снег на повисоките места како и на планините со надморска височина од над 1000 метри.
Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и на местата со надморска височина под 1000 метри. Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Во Скопје и околината времето денес ќе биде претежно облачно и релативно суво со слаб до умерен ветер од северен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени а во Скопје и околината до околу 14 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


