Ладно утро, на многу места температурите во минус
Објавено: 2 декември, 2025, во 08:53 часот
Денешното утро во Македонија беше значително ладно со појава на умерена облачност, тивко и без ветер. На многу места измерени се минусни температури а во поголем дел од државата и појава на слана како и на мраз.
Најниска температура од – 4 степени измерена е во Берово. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени по градови и места, утрово до 7 часот на мерните станици на УХМР.

Во Велес времето ќе биде претежно облачно со слаб ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
Дума.мк


